Фудбалерите на Барселона моментално се на одмор од настапите, а Рафиња, 23-годишниот фудбалер од средниот ред на каталонците реши да направи налудничав потег со кој ги налути челниците.
Рафиња моментално е во родниот крај во Бразил, а на својот Фејсбук профил секојдневно објавува фотографии. Една од нив беше екстремна, како тој виси од карпа, а го држат пријателите, фотографија која ги налути челниците на Барселона. Тие веднаш го контактирале својот фудбалер, кому му порачале дека доколку повторно се одлучи да направи таква екстремна работа, ќе добие санкција. Подоцна, фудбалерот морал да се правда дека тоа е карпа која се наоѓа премногу ниско, а позадината е само визуелен трик.
Рафиња потекнува од младинските категории на Барселона и е член на клубот уште од 2006 година. Оваа сезона за првиот тим тој забележа десет настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.