| четврток, 6 декември 2018 |

Какви новогодишни одлуки треба да донесе секој знак

%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%ba

За новогодишната ноќ, астролозите препорачуваат секој хороскопски знак да излезе од секојдневната рутина и да се отвори кон нови предизвици и хоризонти.

Овен

Обидете се да бидете смирени, можеби спасот е во медитацијата – активни и енергични, вие речиси секогаш сте во пета брзина. Сепак, обидете се да го забавите темпото, да се притаите и да пронајдете внатрешен мир, бидејќи ако продолжите со тоа темпо, голема е шансата дека ќе ги почувствувате последиците.

Бик

Бидете спонтани и обидете се да најдете и да направите нешто за вашиот живот – Не сте голем љубител на промените, но можеби понекогаш истата рутина ве враќа назад и ве гуши. Бидете самоуверени и обидете се да направите некаква промена која сигурно ќе ви годи.

Близнаци

Почнете да водите дневник – Колку и на прв поглед да ви се чини идејата налуничава, еден ден ќе бидете благодарни што сте можеле многубројните мисли да ги напишете на лист хартија. Сакате да бидете во друштво и многу сте комуникативни, ама понекогаш немате на кого да се обратите затоа, вашите мисли напишани во дневник никогаш нема да бидат заборавени.

Рак

Обидете се да бидете собрани и благодарни – Далеку од тоа дека ен умеете воопшто да го цените она што другите го прават за вас, но понекогаш знаете да се однесувате како тоа да се подразбира. Обидете се да се ставите во чевлите на другата личност и дајте ѝ до знаење колку ви е важна и колку ви значи добродушноста и широкоградоста.

Лав

Сè што планирате, тоа треба и да остварите – Многу ваши идеи останале само напишани на хартија само затоа што ве мрзело да ја бутнете целата работа до крај или нешто друго ви излегло во меѓувреме. Затоа, во 2017-та не се откажувајте од започнатите работи и ќе имате неверојатно добра и успешна година.

Девица

Обидете да направите нешто што ве претставува – Познато е дека живеете по точно одреден распоред и по утврден план. Релаксирајте се малку и пробајте да зачекорите во непознат терен. Пробајте да направите нешто што вообичаено ве плаши, бидејќи во многуте случаи е дека се плашите само затоа што мислите дека нема да доживеете успех.

Терезија

Излезете од отровната врска која ве гуши – Иако ви е јасно дека тоа не е тоа, од страв дека ќе останете сами, од постојани промени во мислењето и очекувања дека ќе се случи чудо, останувате во врска со личност која не ви одговара. Нема да ви биде лесно, ама на крајот ќе ја добиете среќата која ја заслужувате.

Скорпија

Не се плашете да се извините на било кого – На секого може да му се случи да погреши или да ѝ згреши на друга личност. Меѓутоа, заради гордост тешко ви е да се извините. Нема потреба од тоа, сфатете дека извинувањето не е слабост. Така ќе покажете зрелост и ќе ја покажете големината на вашата личност.

Стрелец

Не се кријте зад шегите и насмевките – Дури и кога ви е тешко, кога сте лути и повредени, не дозволувате тоа другите да го видат. Убаво е да бидете најдуховитата личност меѓу пријателите, ама кога нешто навистина ви пречи наместо да се криете зад насмевката, обидете се да си ја олесните душата на пријателите.

Јарец

Бидете оптимистични – За пофалба е тоа што сте сериозни и одговорни кон другите и работата, ама понекогаш целиот тој товар премногу долго го носите на градите и не дозволувате тмурните мисли да си заминат. Обидете се да не бидете толку многу сериозни и да го разбудите детето во себе.

Водолија

Не се плашете да се заљубите – Љубовта е феноменално чувство, а не робување за друга душа. Наместо љубоморно да ја чувате својата слобода и да глумите дека е сосема во ред што сте сами, широко отворете ги очите и препуштете се на нешто што многу сигурно пријатно ќе ве изненади.

Риби

Отпатувајте некаде каде не сте биле никогаш претходно – Пробудете го авантуристот во себе. Наместо по 15-ти пат да одите на она што ви е сигурно, ризикувајте и одете да истражувате предели на кои претходно никогаш не сте помислиле. Секоја промена ќе ви одговара и ќе ве збогатува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top