| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот во грч – Крвникот од Качаник се вратил на Косово и се фали со нови егзекуции

%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b0
Италијанскиот весник Еспресо пред неколку дена објавил дека на Косово се вратил Лавдрим Муџахери, еден од позначајните припадници на ИСИС во Сирија, при што се повикале на извори во италијанските разузнавачки организации.

Овие информации Италијанците веднаш ги пренеле до тајните служби на Косово, Македонија и Албанија, пишува Еспресо.
Се смета дека Муџахери на Косово пристигнал кон средината на ноември од Македонија.
Лавдрим Муџахери е инаку командант на терористичката група на ИСИС позната под името “Балканска Бригада”, а познат е и по планирањето на нападот на израелските репрезентативци во Албанија, кој разузнавачките служби го откриле на време и спречиле.

%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b02

Нападот го спречил Мосад, чии експерти пресретнале пораки кои ги разменувале припадници на ИСИС , а во Скадар биле уапсени четири лица под сомнение дека планирале да ги нападнат фудбалерите на Израел. Израелците требало да настапат на стадионот на кој оваа година играле Косово и Хрватска, но поради безбедносни причини натпреварот бил преместен во Елбасан, кој е поблиску до Тирана и каде било полесно да се заштити гостинската екипа.
Муџахери е познат и под военото име Абу Абдулах ал Косово и под прекарот “Крвникот од Качаник”, а последните неколку години бил активен во Сирија и Ирак во разни терористички организации, и според разузнавачките извори, неодамна планирал серија напади на Балканот. Израелскиот разузнавачки аналитичар, Ронен Соломон, влегол во траг на терористичката инфраструктура, која веројатно ја предводи Муџахери, кој од Косово прв пат заминал во Сирија во 2012. година, пред што наводно работел за НАТО во Авганистан, пишува Еспресо.

%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b03

Муџахери во Сирија се приклучил кон Фатех Ал Шам, гранка на Ал Каеда. Една година подоцна се вратил на Косово, каде почнал да регрутира екстремисти. Подоцна ја напуштил Ал Нусра и се приклучил кон ИСИС, во која според израелските извори, станал командант на албанските борци, кои во ИСИС ги има околу 100.
Соломон открил дека Муџахери во октомври 2013. година се појавувал на видео-снимки на ИСИС, вклучувајќи ги и тие на кои им биле отсекувани глави на жртвите. На една снимка вели: “Ние ќе го освоиме Ерусалим, Евреи”. Од август неговото име е на листата на Интерпол. Муџахери последен пат во јавноста бил забележан пред една година во Мосул.
Италијанските разузнавачи се заинтересирале за Муџахери кон крајот на 2015. година, кога во операцијата Van Damme била растурена една ќелија на ИСИС во Бреша, во која биле откриени докази за врските на таа група со “Крвникот од Качаник”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top