Како што пишува Daily Mirror, се очекува најголемиот дел од имотот на славниот пејач, кој се проценува на 100 милиони фунти, да оди кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.
Пејачот им бил кум на Романа и Харли Мун Кемп, децата на Мартин Кемп, басист на групата Спандау Балет”. Се очекува дел од парите да наследи и Блубел, ќерка на поранешната “спајсица” Гери Халивел, која е кума на поранешното на момче на Мајкл, Кени Гос.
Пејачот долги години бил соработник со бројни хуманитарни организации, кои исто така би можеле да добијат дел од богатството на Мајкл.
Мајкл поседувал и најмалку четири имоти – куќата во Оксфордшир каде што умрел, вилата во Лондон и раскошните куќи во Њујорк и Сиднеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.