Ракометната селекција на Тунис, еден од противниците на Македонија на претстојното Светско првенство во Франција, се соочува со неочекувани проблеми. Ударниот двоец во играта на Тунижаните, Ваел Жалус и Исам Теж, поради повреди се надвор од тренажен процес и нема да настапат на контролните дуели со Шпанија.
Жалус поради повреда сè уште се нема појавено на подготовките на репрезентацијата, додека Теж вчера се појавил на тренингот, но само како гледач. Причината е повреда на мускулот на левата потколеница, која што ја заработил на последниот дуел од катарската лига во саботата.
Така Тунис за Шпанија, каде што на 28 и 29 декември ќе одигра два пријателски натпревари, ќе отпатува драстично ослабен. Според најавите на докторите, враќање на терените на Жалус и Теж се очекува по 2 јануари, но сè уште не е сигурно дали тие ќе може навреме да се подготват за стартот на мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.