Седумнаесет години откако беше огласена, се продаде куќата на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија. Купувач е кошаркарот Никола Пековиќ. Куќата се наоѓа во елитната населба Дедиње и има дури 900 квадрати. Цената изнесуваше пет милиони евра.
Таа има десет спални соби, шест бањи и две соби за прием. Куќата се наоѓа на адресата „Толстој 33“ и важи за проколната поради тоа што речиси сите претходни сопственици мистериозно починувале.
Во таа куќа семејството Милошевиќ живееше сѐ до бомбардирањето на НАТО во 1999 година, кога се пресели во вилата „Мир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.