Десетгодишниот Оливер Бартон од Велика Британија по трет пат боледува од рак и шансите да преживее се многу мали. Неговата последна желба била да се напие чај со кралицата Елизабета. Бидејќи таа не можела да го посети, ја заменила актерката Хелен Мирер, која повеќепати ја толкуваше улогата на кралицата на големото платно.
Мирер на Оливер и на неговото семејство им платила билети за нејзиното шоу на „Вест енд“, во кое ја игра кралицата. По претставата, актерката го повикала момчето и неговата мајка Кетрин Браун да ѝ се придружат зад сцената. Таму, сѐ уште облечена како Елизабета, седела со малиот Оливер, а маж преправен во батлер ги послужил чај. Таму имало и кучиња од расата корги, какви што има бабата на принцовите Хари и Вилијам.
Тешкоболното момче мислело дека е во прашање вистинската кралица и бил воодушевен што му се исполнила желбата.
– Хелен Мирер ниту во еден миг не излезе од улогата. Оливер ѝ поверува, и тоа ни беше сосема доволно – рече таткото на детето Џејмс.
Според неговите зборови, актерката седнала во количката на Оливер, а нему му ја препуштила својата голема столица. Заедно пиеле чај и јаделе колачиња.
– Го одликуваше со титула на витез и рече дека од сега сите ќе мора да му се обраќаат така. Оливер бил пресреќен, цел ден мафтал со британското знаме што му го потпиша Хелен – додаде таткото на Оливер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.