Убиството на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов ја предизвика целата светска заедница, оцени амбасадорот на Русија во НАТО Александар Грушко. Според него, овој терористички напад јасно стави до знаење дека меѓународната заедница треба да ги обедини своите редови за борба против заедничката закана од тероризам.
-Ако зборуваме за настаните кои може да влијаат на меѓународната ситуација, би посочил на трагичната смрт на нашиот амбасадор Андреј Карлов, убиени во вршење на службената должност- рече Грушко.
-Терористите ја предизвикаа не само Русија, туку и целата светска заедница- додаде тој.
-Кои други трагични настани треба да се случат за да ги натераат политичарите да ја разберат потребата да се приклучат на нашите напори?- додаде рускиот дипломат.
Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов беше убиен на 19 декември за време на говорот на отворањето на изложбата на фотографии. Според властите во Турција, напаѓачот бил поранешен полицаец,кој беше неутрализиран од безбедносните сили. Министерството за надворешни работи на Русија го нарече терористички чин, а Истражниот комитет отвори кривичен случај означувајќи го атентатот како акт на меѓународен тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.