| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Не се намалува бројот на проблематични точки низ светот

Бројот на проблематични точки во светот не се намалува, а застарените конфликти не се  решаваат во посакуваниот обем, што предизвикува загриженост, изјави денеска рускиот претсдател Владимир Путин.

-Затоа во многу делови на светот е тешко да се решаваат односите. Бројот на проблематични точки во светот не се намалува, истакна Путин на заседанието на советот на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ).

Тој истакна дека станува збор за Авганистан, Сирија, како и за други точки низ светот.

На самитот се обрати и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев кој рече дека неговата земја е подготвена да ја развива воено-техничката соработка со Русија, пренесуваат руските медиуми.

Самитот на ОДКБ се оддржува во Санкт Петербург, а меѓу другото на средбата ќе стане збор и за тоа кој ќе биде новиот генерален секретар на Организацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top