| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шпанија веќе не сме добредојдени

И покрај предвидувањата дека Шпанија до крајот на декември ќе ја посетат 75 милиони туристи (лани беа 68 милиони), во туризмот на оваа земја не е се така како што изгледа.

За зголемениот број туристи не беше заслужна некоја посебна стратегија, туку фактот дека тероризмот и нестабилноста ги „избрка“ милиони туристи од Египет, Тунис и Франција.

Според Конфедерацијата на шпански туристички агенции, околу десет отсто од туристита годинава се „позајмени“ од медитеранските дестинации.

Проблем е тоа што, иако просечниот број туристи нарасна, во периодот меѓу јанаури и јули 2016 година за 2,2, отсто опадна просечното количество пари што тие ги потрошија во земјата.

Неодамнешниот извештај на сајтот на „Ernest&Young“ препорачува Шпанија „на друг начин да ја ориентира својата стратегија“ за привлекување богати туристи, кои ќе трошат поголеми финансиски средства, пред земјата да продолжи да се потпира на оние кои сакаат поевтин одмор.

Иако сме свесни дека туризмот е наша главна индустрија и дека со неа можеме да му благодариме за економскиот напредок во последните неколку години, на поголем дел од населението има е преку глава од мноштвото туристи, особено во лето, вели Филип Мокосо.

Тој нагласува дека тоа најмногу се однесува на туристите кои претстојуваат во минијатурните изнајмени апартмани и трошат многу малку пари, освен на алкохол и излегување, но и на оние кои ја посетуваат Ибица и остануваат три дена, а не резервираат ниту еден хотел.

– Не е се така црно и бело, но на места како Барселона, работите дефинитивно ќе се променат, затоа што во некои делови на градот жителите протестираат на улица. А кога тоа го прават гласачите, политичарите мораат да реагираат.

Тој додава дека иако Шпанија се труди да привлече туристи кои трошат многу, така што средува и некои дотраени површини, потрено е вложување во внатрешноста и културата.

– Луѓето мораат да знаат дека постојат повеќе места што можете да ги посетите во Шпанија, дека не е се само сонцето и плажата.

Професорот по маркетинг во бизнис школата „Esade“ во Барселона, Хозеп Валс, вели дека оваа стратегија почна пред две децении, но беше блокирана со приливот на туристи кои се упатија во Шпанија од поранешна Југославија во текот на 1990-тите години, а подоцна и со серијата терористички напади низ целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top