| четврток, 6 декември 2018 |

Млада жена си го фрлила новороденчето во река

Tриесет и едногодишна девојка од селото Грбавац, Република Српска,  утрово околу 8.30 часот се јавила во болница поради здравствени проблеми, предизвикани од породување.

Таа се породила синоќа, околу половина час по полноќ на шеталиште, кај штандовите од зимскиот базар во центарот на градот, а во болница се појавила со јасни знаци за постпородилна депресија.

Лекарскиот персонал бил збунет поради тоа што дете никаде немало, а несреќната жена одбивала да зборува за тоа.

Наводно, подоцна заминала во правец на реката Дрина, каде веројатно го фрлила детето, пишуваат српските медиуми.

Увидот е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top