Актерката Зала Ѓуриќ Рибиќ на „Инстаграм“ сподели фотографија од тајната венчавка на нејзините родители, легендарниот Бранко Ѓуриќ Ѓуро и словенечката актерка Тања Рибиќ, на која и сама присуствувала.
Ѓуро и Тања се запознале на сцена, во претстава во која играле сопружници. Подоцна ги добиле синот Филип и ќерките Ела и Зала, која тргна по стапките на својите познати родители.
Тие решиле да се венчаат во 2000 година далеку од очите на јавноста и на медиумите.
– Се трудевме да ја држиме венчавката надвор од медиумите. Матичар ни беше тогашната градоначалничка на Љубљана Вика Поточник, која ни вети дека никој нема да дознае дека сме се венчале. Нашата Зала тогаш имаше три години и наздравуваше со сокче – раскажал Ѓуро во една прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.