Ана Курникова и Енрике Иглесиас се венчале во тајност, тврдат таблоидите.
Повод за ваквите гласини се фотографиите што последниве две недели ги објавува русокосата Русинка, на кои може да се види дека таа на прстот на левата рака носи огромен дијамантски прстен.
Иако нема официјални информации дека поранешната тенисерка и пејачот се венчале, па оваа приказна за разлика од сите останати дури не ја потврди ни „извор близок на двојката“, тоа не ги спречува таблоидите да пишуваат за долгоочекуваната свадба.
Ана и Енрике се заедно повеќе од десет години, неколку пати ја прекинуваа врската, а за медиумите во неколку наврати изјавија дека немаат план да стапат во брак.
Имајќи предвид дека тие со години го кријат приватниот живот од јавноста, тешко е да се поверува оти ќе добиеме потврда дека навистина се венчале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.