Лажна е информацијата за подметната бомба на Северната станица во белгиската престолнина Брисел, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Ер-Те-Бе-Еф.
Претходно станицата беше делумно евакуирана заради анонимното јавување. Зградата беше проверена од деминери, но тие не открија никаква експлозивна направа.
Станицата веќе ја обнови својата работа во нормален режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.