Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повика Брисел да ја промени миграциската политика по трагичниот терористички напад на божикниот базар во Берлин, но претседателот на Европската комисија Жан Клод-Јункер истакна дека европските вредности мора да останат непроменети.
– Нечуено е, насред Европа, христијани да бидат убиени на Божик, наведе Орбан на унгарскиот он-лајн портал „веол.ху“, додавајќи, кога станува збор за миграцијата, дека е јасно оти ништо не може да остане онака како што било.
Како што истакна тој, Брисел мора да се промени, мигрантите кои илегално влегле во Европа мораат да бидат депортирани, границите мораат да се заштитат, а приливот на мигранти да се елиминира.
Според Орбан, нападот во Брисел е уште еден доказ дека интегрирањето на неевропските мигранти во Европа е „очигледно неуспешно, со што се загрозува довербата и самопоччита на западниот свет“.
– Економското успорување, криминалот, тероризмот, миграцијата, неодлучноста и неискрениот одоговор – се тоа придонесува на свој начин, а западните лидери нема да дадат одговори, наведе унгарскиот премиер.
Истовремено, Јункер застана во одбрана на политиката на отворени врати на Унијата, со минатонеделната изјава дека германската „Функе Медиенгрупе“ би било погрешно да ги стави сите бегалци под сомение.
– Теророт ќе победи само ако дозволиме, нагласи Јункер, додавајќи дека основните вредности за кои се залага ЕУ треба да останат непороменети и дека ЕУ мора да им даде засолниште на луѓето кои бегаат од војните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.