Никола Георгиев, алијас Командант Коки, денеска го напушти затворот Шутка во Скопје, каде што ја издржува затворскта казна за напад на службено лице во вршење службена должност, јави порталот„Плусинфо“.
Георгиев беше осуден на шест месеци затвор, но за негово ослободување еден месец порано одлучил Основниот суд Скопје 1. Информацијата за ослободувањето на Георгиев од затвор, за „Плусинфо“ ја потврдија и од затворот „Скопје“ во Скопје.
Георгиев беше осуден поради напад на полицаец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.