| четврток, 6 декември 2018 |

Толку од Ристо Бомбата – „Макфест“ со нов уметнички директор

Нов уметнички директор на фестивалот „Макфест“ ќе биде Драган Мијалковски, соопшти во понеделник на прес-конференција градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

dragan-mijalkovski-2

Драган Мијалковски

– Со својот ангажман во музиката, мислам дека Мијалковски е вистински избор и пред сè гаранција дека ќе имаме убави музички композиции кои ќе бидат препознатливи, кои ќе ја вратат убавината на фестивалот, шлагерските ноти и кои ќе бидат присутни на сите радио и ТВ станици –  рече Захариев
Тој додаде дека за реализација на овогодишното издание на „Макфест” Општината ќе одвои три милиона денари.
Во тек е конкурсот, според кој фестивалот ќе се оддржи на 11 и 12 октомври. Првата вечер ќе бидат исполнети 20 композиции, од кои 10 ќе влезат во финале, а втората вечер, покрај овие десет, ќе биде надополнета со уште 10 песни од познати автори. Во финалето ќе бидат изведени 20 песни.
– Оваа година нема посебна дебитантска вечер, но тоа не значи дека во тие песни од првата вечер нема да има изведувач кој за првпат ќе настапи на фестивалот –  напомена градоначалникот Захариев.

Досегашен неколкугодишен уметнички директор на познатиот македонски фестивал беше македонскиот музичар Кристијан Габровски, познат како Ристо Бомбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top