| четврток, 6 декември 2018 |

Утре Македонија во жолта фаза, избегнувајте престој на сонце

soncevo vremeСпоред најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи за утре, поголем дел од територијата на Македонија ќе биде зафатен со температура која ја дефинира жолтата фаза, односно алертна фаза. Само два региона (од вкупно шест) – пелагонискиот и охридско-преспанскиот регион, каде што температурата е пониска, ќе бидат во зелена фаза.
Деновите со повисока температура се очекува да траат до среда, а веќе од четврток се очекува намалување на температурата во целата земја.
 
Од Министерството за здравство, ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат опшите препораки за населението, во однос заштита од директна сончева изложеност, како што се:
– избегнување подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот,
– носење лесна и светла облека
– консумација на лесна храна и течности,
– хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и
– редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Комисијата за климатски промени при МЗ континуирано ја следи состојбата со топлото време за што јавноста навремено ќе биде информирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top