Седумдесетгодишна жена Д.Б. вчера починала од пожар во нејзиниот дом во скопското село Усје на ул.„1“.
Како што соопшти МВР пожарот, кој бил пријавен вчера во 6.15 часот, најверојатно бил предизвикан од греалка. Д.Б. била парализирана и неподвижна и од чадот во просторијата се задушила и починала. Доктор од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригада за противпожарна заштита, а куќата била целосно опожарена. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.