Министерството за одбрана на Русија на својот сајт објави список со имињата на сите кои се наоѓаа во авионот Ту-154 што се урна во близина на Сочи, пишува „Руска реч на македонски“.
На списокот, според прецизираните податоци, се наоѓаат 65 членови на ансамблот „Александров“, девет претставници на медиумите, осум војници, двајца федерални државни службеници, осум членови на екипажот, како и извршниот директор на Меѓународната општествена организација „Праведна помош“ Елизавета Глинка, попозната како д-р Лиза, пренесува РБК.
Претходно Прв канал, телевизиите „Ѕвезда“ и НТВ потврдија дека во авионот Ту-154 имало нивни репортажни групи.
Вкупно во авионот имало 93 лица. Авионот Ту-154, сопственост на руското Министерство за одбрана, полета во утринските часови во неделата, 25 декември од аеродромот во Адлер кон сириска Латакија. Неколку минути по полетувањето авионот исчезна од радарите над водите на Црното Море. Извор на РИА „Новости“ соопшти дека тоа се случило во 7 минута од летот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


