Прекршочниот суд во Белград издал наредба за приведување на пејачот Александар Вуксановиќ познат како Аца Лукас поради игнорирање на поканите за судење каде се пејачот се товари за два сообраќајни прекршоци, пишува „Ало“.
Покрај овие два пати, против Лукас поради загрозување на безбедноста во јавниот сообраќај се водат уште шест постапки. Судот и дал налог на полицијата да го приведе пејачот што го лоцира на домашната адреса, бидејќи од март годинава успешно избегнувал да ја прими поканата.
-Лукас се товари за два прекршоци кои ги направил во март оваа година. Во една постапка е обвинет за пречекорување на дозволената брзина во населба, а во втората возел иако имал забрана да управува со возило. Бидејќи не се одзва на судските покани, дадовме налог до полициската станица во општината во која живее да биде приведен и донесен, вели соговорник за весникот.
Тој има уште шест прекршоци за непочитување на сообраќајните прописи и важи за еден од рекордерите на српската музичка сцена по бројот на прекrшоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.