| четврток, 6 декември 2018 |

Алармантни факти: Што правел берлинскиот бомбаш во Милано?

Анис Амри избегал во работничкото предградие Сесто Сан Џовани откако уби 12 лица на божиќниот базар во Берлин.

Италијанските медиуми се прашуваат  за еден наизглед небитно , но во реалноста клучното прашање – зошто Берлинскиот бомбаш Анис Амри беше убиен токму на италијанска територија? 24-годишниот Тунижанец изврши терористички напад во германската престолнина Берлин, одземајќи живот на 12 лица и повредувајќи речиси педесет.

Човекот за кого “Исламска држава” тврди дека е нејзин борец, стана најбараниот човек во Европа. Неколку дена по нападот при рутинска проверка во Северна Италија извади пиштол и беше убиен од силите за безбедност.

Што правел Анис Амри во Сесто Сан Џовани, работничкото предградие на Милано? Во него живеат околу 80 000 лица, а реонот е важен транспортен центар. Во Сесто Сан Џовани има станица на метрото, а автобускиот терминал работи со полна пареа – оттаму стартуваат автобусите за земји како Шпанија, Мароко, Албанија и Јужна Италија.

Според “Ла Стампа” атентаторот пристигна во Италија од градот Шамбери, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Франција. Потоа престојувале три часа во Торино – срцето на провинцијата Пиемонт и моторот на индустриски развиената Северна Италија.

Од Торино Анис Амри тргнува кон Милано. Силите за безбедност сугерираат дека цело време Тунижанец бил сам. Властите во Торино  ги прегледуваат безбедносните камери во градот. Во Милано пристигнува час по полноќ, по што се насочува кон Сесто Сан Џовани.

Градот е познат како “италијанскиот Сталинград” поради локалната комунистичка партија. Со текот на годините во Сесто Сан Џовани се зголемува бројот на муслиманската заедница. The Local пишува дека италијанските власти ги истражуваат џихад ќелиите, но многу малку Италијанци всушност се приклучиле на редовите на “Исламска држава”.

Иако во последните месеци Италија беше закана од терористите, земјата до овој момент не била предмет на напад.

Многу Италијанци се загрижени по убиството на терористот во нивната татковина, а движењето “Пет ѕвезди” го користи најзгодно случајот, за да посочи дека  – Италија стана крстопат за терористи.

Каква и да е вистината, фактите се повеќе од алармантни – во Европа повторно беше спроведен терористички напад. Мерките за безбедност се зголемени во повеќе европски земји. Ќе успеат ли властите да се спротистават на заканите?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top