Осомничениот бомбаш самоубиец кој детонираше експлозиви на железничката станица во Брисел во вторник навечер е 37-годишен маж од дистриктот Моленбек во Брисел, објави каналот „ВТМ“.
Тоа е регион каде мнозинството жители се имигранти, а неколкумина од таму беа вклучени и во терористичките напади на ИД во Париз и во Брисел во 2015 и 2016 година. Денеска се врши претрес во неколку куќи во населбата.
Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон во среда рече дека на истражителите им е познат идентитетот на мажот кого го усмртија војниците кои ја чуваа станицата, но никој не сакаше да го соопшти неговото име пред прес-конференцијата одржана со обвинителите.
Белгиската војска синоќа во 20.30 часот усмрти едно лице по помала експлозија на станицата, по што луѓето беа евакуирани, а полицијата го обиколи поширокото подрачје околу станицата. Никој не настрада во инцидентот. Настанот се смета за терористички чин, а истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


