Разговорите за добрососедски односи ќе бидат одржани во текот на 2013 година, изјави вчера бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
Зборувајќи на конференцијата во чест на првата годишнина откако тој и потпретседателката Маргарита Попова стапија на функцијата претседател и потпретседател на Бугарија, Плевнелиев изјави дека неговата земја ги поддржува европските перспективи на Западниот Балкан но притоа ќе бара да се исполнат бугарските барања за сите кандидати.
„ Во 2013 ќе се случат разговори за потпишување на Договор за добрососедски односи базиран на Декларацијата за доброседство од 1999 година“, изјави Плевнелиев според кого 13 години потпишаниот документ не се почитува од Македонска страна.
„Бев искрен кога на еврокомесарот за проширување Фуле јавно му реков дека не се сегласувам со годишниот извештај на Европската комисија во делот за добрососедски односи. Тогаш изјавив дека манипулацијата со историјата е опасна затоа што креира илузија за големо минато наместо да дава решенија за иднината. Ја поддржуваме Македонија на најискрен начин како што тоа секогаш сме го правеле но има проблеми кои што мораат да се решат “, изјави Бугарскиот претседател. Според Плевнелиев развојот на настаните меѓу Македонија и Бугарија ќе биде мониториран од близу од страна на Европските институции и земјите членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Данев до Плевнелиев: Политичарите во заминување треба да се фалат со пријателства кои ги изградиле, а не колку ги влошиле односите со други
-
Бугарија очигледно оди на нови избори
-
Плевнелиев: Политичарите во Македонија треба да седнат на преговарачка маса
-
Иванов-Плевнелиев: Да се интензивираат преговорите за договорот за добрососедство