Турците навалија да купуваат имоти во Србија.
Неколку семејства веќе купиле куќи во селата во околината на Пирот.
Во селото Сречковац живеат стотина луѓе, а нив ќе им се придружат луѓе од Турција.
Злата Златановиќ ја продала својата стара куќа на семејство од Турција.
„Претходно купија една куќа горе кај црквата, и најверојатно таму слушнале и ја продадов. Не ми треба, стара е и зошто да пропаѓа“ – вели таа.
Објаснува дека Турците куќите ги купиле за да доаѓаат лето и зиме на одмор. Мештаните немаат ништо против други жители странци.
Велат дека и онака селото е празно, и нормално е други луѓе да се населуваат. Цените се поволни, 3.000 евра, а инфраструктурата е добра, блиску е автопатот.
Мештаните потенцираат дека имаат чист воздух и здрава храна, а средината е поволна и за еко бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.