| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп во пламен: Голем пожар во типската населба, утрово изгореа две куќи

Стравотен пожар избувна вчера во типската населба во Прилеп. Горат бараки во оранжериите. Густиот и црн чад целосно ја облеа населбата и ги исплаши  граѓаните на оваа населба.

За сега причините за тоа како настанал пожарот се непознати, а на лице место пожарот го локализира екипа на територијалната противпожарна единица на градот, објави порталот Маркукуле.

Две куќи изгореа изутринава во силен пожар на улицата „Круме Волнароски“ во Прилеп, информираат од Прилепската противпожарна единица.

pozarrr-42917

Според Станко Колески, командир на Противпожарната единица нема повредени, но причинета е огромна материјална штета.

– Пожарот е пријавен изутрина во 7:11 часот на улицата „Круме Волнароски“ број 29. Кога стигнале пожарникарите веќе горел покривот на куќата. Стихијата ја зафатила и соседната куќа. Пет возила со 16 пожарникари интервенираа и пожарот е ставен под контрола, но се уште е опасно жариште. Целосно изгореа горните катови на двете куќи со покривната конструкција. За среќа нема повредени, но причинета е огромна материјална штета. Во двете куќи живеат три фамилии, изјави Колески.

Во моментов противпожарни екипи, екипа на крим-техника од полицијата и од основното јавно обвинителство се на теренот и работат на откривање на причините за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top