Мајк и Ени, откако си купиле куќа и добиле унапредувања на работните места, решиле да продадат речиси се, а куќата ја дале под наем и се упатиле на најдолгиот меден месец: за пет години минале низ 50 земји од целиот свет.
Тие сега ни даваат некои совети за евтино и интересно патување.
По нивната свадба во 2011 година, Мајк и Ени Ховард од Њујрок се одлучиле на помалку неочекуван потег и докажале дека искуството и доживувањето се поважни од материјалните добра.
– Ние мислевме дека е ризично да чекаме да наполниме 65 години и да се пензионираме, за конечно да можеме да го следиме нашиот сон, рече Мајк.
„Ајде да одиме и да патуваме додека се уште сме млади“, била нивната девиза.
На почетокот живееле со дневен буџет од 39 долари, што биле доволни за покривање на трошоците за храна, сместување, лет и други активности. Подоцна буџетот го свеле на 12 долари по лице дневно, а , сепак, да не ги пропуштаат возбудливите авантури.
– Ние не се обидуваме да живееме што е можно поевтино, туку што е можно повеќе. Кога се придржуваме до ниските трошоци, одбегнуваме глупави работи од 9 до 17 часот.
Двојката Ховардс на почетокот живеела од заштеденото, а сега за патување заработуваат така што на сајтот honeytrek.com, делат совети за патувања.
Ова се некои од советите што можете да ги искористите:
Ако секој ден одвојувате десет евра (околу 600 денари), на крајот ќе соберете доволно пари да отпатувате каде што сакате
Не брзајте
Ако брзате да ги посетите сите историски вредности низ градот, брзо ќе ги потрошите сите пари. Место тоа, бидете во еден мал град или село, така е поевтино и поинтересно. Кога ќе одите во друг град, одите со автобус место со авион. Навистина е подолго, но ќе ја почувствувате авантурата и ќе уживате во различни пејсажи.
Одбегнувајте резервации за хотел пред самото одење
Доколку планирате да останете подолго од пет дена, најдобри понуди за сместување нема да најдете на инернет, туку на самото место. Мајк и Ени резервираат хотел за два-три дена и за тоа време бараат сместување кое можат да си го дозволат.
Обидете се да најдете сместување во куќа
Обидете се да најдете семејство кое издава своја куќа на одредено време со обврски да ја одржувате или да им чувате милениче. Во Америка и некои земји во Европа ова е раширена пракса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.