| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли ќе ја глуми сопствената мајка

dzoli i majka iАтрактивната холивудска актерка, Анџелина Џоли, ќе глуми во нов филм, овојпат ќе ја глуми сопствената мајка. Со оваа таа сака да ѝ оддаде почит на прерано починатата мајка Маршелин Вертранд. Се работи за биографски филм.

Неодамна триесет и седумгодишната Џоли објави дека донела одлука за двојната мастектомија, со што го шокираше светот. Таа кажа дека нејзината мајка починала многу млада, на 56 години, од рак.  Џоли реши да го намали ризикот од заболување, кој бил 87% отстранувајќи ги своите гради.

Маршелин е родена во Северна Америка во државата Илиноис, а на нејзина 21-годишна возраст се омажила за Џон Воит.
Во 1973 година, по раѓањето на синот Џејмс, се откажала од филмската кариера, а две години подоцна ја родила Анџелина. Се развела во 1976 година бидејќи сопругот ја изневерувал.

Рак на јајчниците ѝ е дијагностициран во 1999 година, а нејзината последна желба била Анџелина да се омажи за Бред Пит и едно од нејзините деца го носи името Пакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top