| четврток, 6 декември 2018 |

Во Египет уапсен продуцент на Ал Џезира

Египетската полиција го уапсила продуцентот на катарската телевизија Ал Џезира, Махмуд Хусеин заради обвинувања за обид за туркање на владата и дека е член на забранетото движење Муслиманско братство, објавиле езбедносните сили. Телевизијата пак соопштува дека не им е позната локацијата каде е задржан Хусеин.

Според наводите од катарската телевизија, хусеин бил држен на испитувања подолго од 15 часа по враќањето од годишен одмор. Тој живее во Доха, но работел во Египет пред Ал Џезира да ја затвори својата канцеларија во земјата во 2013 година.

Египетските власти минатите неколку години уапсија повеќе новинари од Ал Џезира што предизвика загриженост за слободата на медиумите во таа северноафричка држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top