| четврток, 6 декември 2018 |

Путин за обвинувањата: Русија „знаела дека ќе победи Трамп“

За време на годишната прес конференција на рускиот претседател Владимир Путин со околу 1.500 новинари, се побара и негов став за наводното руско мешање во американските избори, за што Путин цинично одговори дека Русија „знаела дека Трамп ќе победи“.

-Знаевме дека Демократската партија ги загуби не само претседателските, туку и изборите за Сенатот и за Конгресот, и дали е тоа мое дело? Се тоа говори дека актуелната администрација има проблеми и дека постои расчекор во разбирањето за тоа што е добро, а што лошо меѓу елитата и народната маса- оцени Путин, кој додаде дека демократите изгубија на сите полиња. Притоа додаде дека американските републиканци се наклонети кон рускиот претседател и дека кај нив се поклопува руската претстава за структурата и вредностите во светот, што според Путин е добра претпоставка за создавање на добри односи.

Рускиот претседател се наврати и на обвинувањата дека руски хакери извршиле напад во САД.

-Никој не знае кој стои зад тие напади. Поразените секогаш бараат оправдување. Не е работата во тоа кој стои зад нападите, туку во тоа што хакерите им ја покажаа вистината на луѓето. Хакерите ја покажаа манипулацијата со јавното мислење во Демократската партија, по што раководителот на националниот одбор си поднесе оставка. Значи, откриената информација е вистинита- оцени Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top