| четврток, 6 декември 2018 |

Путин чека да „созрее времето“ за одлука за нова трка за претседател на Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека ќе соопшти дали ќе учествува на изборите за нов шеф на државата во 2018 година кога „ќе созрее времето“.

„Ќе гледам што се случува во земјата, во светот. И поаѓајќи од тоа што сме направиле, поаѓајќи од тоа што можеме да направиме, како треба да правиме, ќе биде донесена одлука и за моето учество или неучество во идните избори за претседател на Руската Федерација“, изјави претседателот на Руската Федерација на големата прес-конференција.

Ден претходно неговиот портпарол Дмитриј Песков изјави дека прашањето за претседателските избори не е на агендата на Кремљ.

На 13 декември основачот на Фондот за борба против корупцијата Алексеј Навални соопшти дека ќе се кандидира за претседател на Русија. Такви намери има и бизнисменот Сергеј Полонски, кој е во притвор поради измама.

Изборите за претседател на Русија ќе се одржат во март 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top