Откако во Милано е убиени тунижанецот Анис Амри, најбараниот човек во Европа, одговорен за нападот во Берлин, цела Европа гласно се прашува како тој успеал да помине повеќе од 1.600 километри и покрај засилените безбедносни мерки, да стигне од Германија, низ Белгија во Италија.
И покрај тоа што полициските и разузнавачките служби на европски земји кои го бараа Амри низ цела Европа, откако со камион влета среде Божиќниот саем во Берлин при што загинаа 12, а беа повредени 50 лица во понеделникот, тој со очигледна леснотија ги мина границите три европски земји, пишува Дејли телеграф.
И германскиот Билд објави мапа на движењето на Амри.
Неговата смрт во северна Италија, 1.600 километри од местото на злосторството, повторно отвори незгодни прашања за тоа како лесно терористите можат да го користат европскиот систем на отворени граници на Шенген зоната, заклучува британскиот весник.
Според полицијата, Амри со брзиот воз пристигнува од Шамбери во Франција до Торино, Италија од каде што во Милано пристигнува еден час по полноќ.
И сето тоа додека неговите фотографии и снимки од безбедносни камери се емитувани и објавени во сите европски телевизии и весници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Објавена снимка од нападот во метрото, терористот се разнесува со бомба (видео)
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Таксистот од Москва: Не сум терорист, само ми се спиеше