| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена пицерија во Куманово

%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%b5%d0%b6-5

Две непознати маскирани лица рано изутрината во 03:20 часот извршиле разбојништво во пицерија на улица „11 Октомври“ во Куманово.

МВР соопшти дека сторителите, од кои едниот вооружен со пиштол, влегле во пицеријата и физички го нападнале вработениот, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата, при што му одзеле околу 16.000 денари. По настанот сторителите избегале.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top