Македонската опера и балет информира дека заради големиот интерес на публиката за премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески билетите се веќе пуштени во продажба.
По завршувањето на „Кастинг талент шоу“, од каде што ќе се одберат едно девојче и едно момче, кои ќе настапат во мјузиклот, ќе почнат завршните подготовки за реализација.
Премиерата е предвидена за 10 март 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.