| четврток, 6 декември 2018 |

Тоа што го одлучи веќе го исполни, РФМ ја исплати премијата на ракометарките

zenska-rakometna-reprezentacija

Ракометната Федерација на Македонија утрово ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот за Светското првенство во Германија 2017 година.

Успешниот настап во квалификациската група што се играше на Фарски Острови, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки на бараж-натпреварите, кои ќе се одиграат во јуни 2017 година, во чии рамки најпрво ќе бидат домаќини на Швеѓанките, додека вториот натпревар ќе се игра на гостински терен.

Победниците од бараж-двомечот ќе осигураат пласман на Светското Првенство во Германија во декември 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top