| четврток, 6 декември 2018 |

Првата зимска трансфер бомба: ПСЖ го договори Дракслер

drax

Францускиот шампион, Пари Сен Жермен во зимскиот преоден рок ќе се засили со еден од најдобрите млади германски фудбалери, Џулијан Дракслер.

Зделката за која веќе подолго време се шушкаше денес ја потврди Гол.ком. Според нивните информации светците веќе се договориле со Волфзбург и Дракслер ќе стане нивен играч за 35 милиони евра со можност таа сума да порасне за уште 10 преку неколку бонуси.

За офанзивниот играч интерес пројавуваше и Арсенал, но клубот од Париз излезе како победник и со Германецот ќе потпише три или четиригодишен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top