Српското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека воведува дополнителни мерки за безбедност и заштита во пресрет и за време на новогодишните и божиќните празници, како одговор на последните терористички напади во Анкара и Берлин.
Дополнителните безбедносни мерки опфаќаат засилен надзор и контрола на граничните премини, аеродромите, железничките и автобуските станици, како и на местата на кои се собираат поголем број луѓе.
– Полицијата дополнително внимание ќе посвети на воочување на сомнителни пакети, лица и возила, со цел да се спречи потенцијално извршување на тешки кривични дела или некој терористички акт, се наведува во соопштението.
Во рамки на засилените безбедносни мерки ќе биде зголем бројот на полицајци во униформа и во цивилна облека на улиците, пред државните институции, дипломтско-конзуларните претставништва и верските објекти.
– Министерството вниметалено ја следи состојбата во регионот и во светот и секојдневно разменува информации со најважните меѓународни субјекти, со цел навремено да реагира и да ја гарантира целосната безбедност на граѓаните и нивниот имот, како и стабилноста на земјата, се истакнува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делев: Мерките кои ги презема Владата на „црната тројка“ Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски
-
Додека СДС држи празни прес-конференции, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за помош на земјоделците
-
Нови мерки за вработување – овојпат за невработените во социјален ризик!
-
Од вечерва транспортот на нафта од Грција се овозможува и преку Меџитлија и Дојран