| четврток, 6 декември 2018 |

Сè Бобан до Бобан, а Срби ни за лек – дали се работи за кражба на идентитет?

%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%822
Со детална проверка на Амри, било откриено дека е поврзан со Србин од Германија по име Бобан Симеоновиќ, кој во ноември бил уапсен поради регрутирање за ИСИС.

Експертот за борба против тероризам, Џевад Галијашевиќ, истакнал дека името Бобан, кое се споменува во врска со последниот терористички напад во Берлин, на фалсификувани пасоши го користеле познати терористи од Рашката област – Абид Подбичанин, Изудин Црновршанин, Сејад Плојовиќ, Мирза Ганиќ, Елдар Кундаковиќ и многу други.

%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be

Познатиот терорист од “ИСИС” од Косово, Лавдрим Мухаџери, исто така имал пасош со име Бобан Депиќ и роден е во Србија, но тоа воопшто не го прави Србин, тврди Галијашевиќ.
-Исто како што ни Мевлид Јашаревиќ, кој пукал во Сараево во американската амбасада, роден во Рашката област, не е Србин, иако медиумите објавиле вест за терорист од Србија кој ја нападнал амбасадата со автоматско оружје…Сè Бобан до Бобан, а Срби ни за лек- рекол Галијашевиќ.
Потсетуваме, германската полиција за нападот со “камионот на смртта” во Берлин, кој однел 12 животи, го товари Тунижанецот Анис Амри, чија ДНК била пронајдена во возилото. Со детална проверка на осомничениот, било откриено дека е поврзан со Србин од Германија по име Бобан Симеоновиќ, кој во ноември бил уапсен поради регрутирање за ИСИС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top