Со службено возило на Министерството за Внатрешни Работи, министерот Оливер Спасовски денес тргнал во кампања во Теарце.
На фотографиите кои ги објави „Вечер“ се гледа службениот Ленд Ровер на Спасовски со кој на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ си тера кампања за прегласувањето во Теарце. Во селото бил и заменик министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој држел говор во дворот на една џамија пред најрадикалните албанци од Теарце.
Засилување пристигнало и од портпаролот Петре Шилегов, кој таму пристигнал заедно со Спасовски и Самка Ибраимовски.
Граѓаните кои ја доставиле фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.
– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не бираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце, велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.