| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се откажува од позицијата градоначалник, бидејќи му треба пратенички имунитет

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2

Зоран Заев се повлекува од функцијата градоначалник на општина Струмица. За негов заменик го именува советникот Коста Костадинов, актуелен претседател на Локалниот клуб на СДММ во Струмица и портпарол на оваа партија во Струмица, пишува локалниот портал Струмица Нет.

Заев во своето денешно обраќање на седницата на Советот на општина Струмица, каде се расправало за Буџетот на општина Струмица за 2017­-та година, изјавил дека оваа му е последна седница на која учествува од причина што ќе му заврши мандатот како градоначалник, заради заминување на друга функција. Денеска на седницата советниците Катерина Кузмановска и Коста Јаневски од СДСМ си поднесоа оставка, поради новата функција, како пратеници во новиот Парламент на Република Македонија, на нивно место доаѓаат Фатмаѓул Хаџи и Бранко Божинкочев од СДСМ.

На овој потег на Заев реагираа од ВРМО-ДПМНЕ откаде велат дека тој го прави ова бидејќу му треба пратеничкиот имунитет.

– Аболицираниот криминалец Зоран Заев е свесен дека се ближи денот кога нема да му помогне ниту една лага и ќе мора да се соочи со одговорноста за направените криминали. Затоа на аболицираниот лажго Заев му треба пратеничкиот имунитет. Тоа е првата и основна причина поради која се откажува од градоначалничкиот мандат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Втората причина поради која аболицираниот криминалец Зоран Заев одлучува да го жртвува градоначалничкиот мандат е затоа што е свесен дека неговата политичка кариера е на самиот крај. Граѓаните на 11 декември масовно одговорија дека не се согласуваат аболицирани криминалци да ја водат државата, а Зоран Заев знае дека таков одговор ќе добие и од струмичани на следните локални избори. Кражбите и изнудите од типот „едно евро за Вицето, едно за црквата“ ќе останат само сеќавање на црното минато и како не смее да работи еден локален функционер, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top