| четврток, 6 декември 2018 |

Газдарица јунак му го зела пиштолот на крадецот

Вчера во 18.20 часот во Пробиштип, во приватно претпријатие, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво во обид.

Сторителот влегол и од вработената, која е сопственик на фирмата, побарал пари. Вработената успеала да го фати пиштолот на сторителот, но истиот ја турнал и успеал да побегне.

По преземените мерки од страна на полициски службеници и извршеното препознавање, утрврдено е дека сторител на кривичното дело е С.К. (27) од Штип.  Истиот е приведен и задржан во ПС Пробиштип.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top