Лионел Меси пред неколку месеци одлучи да стане русокос, по своја иницијатива, а сигурно фудбалерот на Барселона не помислил дека ќе стане трендсетер… барем на некој начин.
Матс Хумелс, на синоќешното дерби на врвот во Бундеслигата се појави со идентична фризура како таа на Меси. Германскиот репрезентативец ја покажа својата платинесто руса коса, која за разлика од Аргентинецот не ја направил по своја волја. Токму Меси е инспирацијата за фризурата на Хумелс која тој морал да ја направи поради загубен облог.
– Играв една игра на Октоберфест и веќе по првата рунда знаев дека немам шанса да победам. Мојот противник имаше луда идеја за казна за губење на облогот, да ја офарбам косата во платинесто руса. Искрено, мислев дека ќе изгледа многу полошо. Ќе порасне за неколку недели и нема да изгледа така лошо – откри Германецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.