Студено утро со температура под нулата денеска е регистрирано речиси во целата земја, освен во Дојран каде што се измерени 2 Целзиусови степени.
Како што соопшти УХМР, најниска утринска температура од -9 степени е регистрирана во Берово, следуваат Тетово со -8, во Битола, Штип, Крива Паланка, Дебар и во Демир Капија се измерени -7, а -6 во Прилеп, Маврово, Зајчев рид – Скопје, Струмица и во Куманово. Со минусни температури утрово се и Виница, Крушево и Лазарополе, каде што се измерени -5 степени, -4 во Ѓуриште, Пожаране, Претор и во Охрид и -3 во Тополчани и Гевгелија.
Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово во Скопје најзагадено е кај Ректорат со концентрација од 215,18 мг/м3 ПМ 10 честички. Следи Гази Баба со 201,97, Лисиче 190,51, Центар 190,44, и Карпоп со 112,86 мг/м3 ПМ 10 честички. Во Битола се измерени со 105,48, во Кичево 105,21 , Тетово 131,59, Велес 64,03, Кочани 95,42 и во Кавадарци 150,99 мг/м3 ПМ 10 честички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.