| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Кавадарци: Делумно изгоре пилана

Во пожар, што избувна синоќа, делумно изгоре пилана во Кавадарци, сместена во поранешниот комбинат “Страшо Пинџур”. Локализирањето на огнот траело 12 часа во текот на ноќта, информираа утрово од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Во гаснењето на пожарот учествувавме со две противпожарни возила и седум пожарникари. На помош ни дојдоа и по едно возило со по двајца пожарникари од неготинската противпожарна служба и компаниите “Кожувчанка” и “Фени”, соопштија од противпожарната единица.

Оттаму нагласија дека среќа во несреќа е што не се дозволило огнот да се прошири и на соседните објекти во тој индустриски дел од градот.  Засега не се познати причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top