| четврток, 6 декември 2018 |

Пилотот брутално искрен: Оваа изјава ги крена на нозе фановите на Михаел Шумахер

Поранешниот француски возач во Формула 1, Филип Штриф (61) за англиските медиуми зборуваше за здравствената состојба на седумкратниот светски шампион во најбрзиот циркус на денешницата Германецот Михаел Шумахер. Тој изјави нешто што не сака да го слушне ниеден фан на најтрофејниот пилот во Формула 1.
Штриф и самиот доживеа тешка несреќа и од 1989 година е во инвалидска количка. Откако во декември 2013 година Шумахер настрада на скијање, Французинот се претстави како близок пријател на неговото семејство и неколкупати зборуваше за здравствената состојба на германскиот пилот.
Портпаролот на семејството Шумахер, Сабине Кем, неколку пати порача дека Французинот не е семеен пријател и дека со него немаат разговарано за здравствената состојба на Михаел.

Но, без разлика на тие пораки од страна на семејството на Шумахер, Французинот продолжи да зборува за закрепнувањето на најуспешниот возач во Формула 1 и смета дека многу тешко пак ќе прооди.

-По една таква несреќа секогаш постои надеж, но постои три годин и многу е тешко да се очекува дека нешто ќе се промени, изјави Филип за “Дејли стар” и призна дека не бил во посета на Германецот, како и дека цело негово семејство не зборува за неговата здравствена состојба.

На прашањето да даде лично мислење за Шумахер, Штриф, беше брутално искрен.

– 100 отсто нема да закрепне, но се надевам дека ќе се врати во јавноста заради навивачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top