Германската Сојузна криминалистичка полиција денеска потврди дека непознати напаѓачи успеале да го хакираат веб сајтот преку кој од граѓаните беше побарано да достават информации за можните сторители на терористичкиот напад во Берлин.
Според полицијата, сајтот бил урнат вчера во периодот од 17 до 17 и 30 минути, при што граѓаните не биле во можноста да испраќаат слики, видеа или какви било информации за трагичниот настан и евентуалните напаѓачи, со што би се олеснила истрагата.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според полицијата, се работи за т.н. ДДОС напад, односно испраќање на огромен број на податоци на сајтот во исто време што ги блокираат серверите и тој не може да функционира.
Оневозможување на работата на сајтот и спречувањето полицијата да добие корисни информации од граѓаните, најверојатно требало да му даде време на напаѓачот да го напушти Берлин. Експертите проценуваат дека хакирањето на сактот покажува оти нападот во Берлин бил добро организирана операција во која се вклучени голем број на луѓе и ресурси, а не индивидуален чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје