| четврток, 6 декември 2018 |

Токио ќе одвои 15 милијарди долари за организација на Летните олимписки игри

Организаторот на Летните Олимписки Игри кои ќе се одржат во 2020 година, Токио соопшти дека трошоците за организирање на овој собир ќе изнесуваат помеѓу 13 и 15 милијарди долари.

Оваа сума е нешто помала од првобитната предвидена од 17 милијарди долари, а се очекува дека оперативните трошоци ќе бидат околу половина од вкупниот буџет.

Власта во Токио е под голем притисок од МОК кој бара ново намалување на трошоците за да може во иднина многу повеќе градови да конкурираат за вакви настани. Се верува дека Русија за Зимските олимписки игри во Сочи потроши 51 милијарди долари, па сега многу градови отстапуваат од кандидатурата за Игрите во 2022 и 2024 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top