Американскиот Конгрес усвои предлог-закон за одбранбена политика, кој предвидува буџет од 700 милијарди долари. Со тоа е поддржан повикот на претседателот Доналд Трамп за поголема и посилна армија.
Конгресот го проследи предлог-законот до Белата куќа кој треба да биде потпишан од Трамп.
Со предлог-законот се предвидува буџет од 700 милијарди долари за армијата што вклучува милијарди долари за програми за ракетна одбрана, со цел САД да се спротивстават на сѐ поголемата нуклеарна закана од Северна Кореја, јавуваат американски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.