| четврток, 6 декември 2018 |

Ја бакна ќерката, а потоа ја испрати да се разнесе со бомба

%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0

Седумгодишно девојче пред неколку денови мирно влезе во полициска станица во Дамаск и прашала дали може да го употреби нивниот тоалет. Неколку секунди подоцна експлодирала бомба со која била врзана под облеката, а која некој далечински ја активирал.

Откриено е дека експлозивот околу телото и го врзале родителите, бидејќи вчера излезе видео снимка на која се гледа како се поздравуваат со ќерката и ја испраќаат во крвав пир, тврдат британските медиуми.

Британскиот Дејли меил наведува дека на снимката се гледа како татко ги бакнува и прегрнува своите ќерки, од кои едната се разнела во полициската станица во сириската престолнина. Таткото, евидентно религиски фанатик, подучува две деца од 7 и 9 години како да изведат самоубиствен напад, а потоа им приоѓа жена облечена во бурка и ги прегрнува, како да се простува.

%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b02

Двете девојчиња повторуваат Алаху акбар, после што едната тргнува во самоубиствен поход.

Во експлозијата во полициската станица повредени се 10 полицајци, а единствено кое загинало е токму девојчето самоубиец.

%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b03

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top