Расел Вестбрук од Оклахома и првата ѕвезда на Хјустон Џејмс Харден, ќе потпишат нови, максимални договори со своите клубови по новиот колективен договор меѓу НБА лигата и Унијата на играчите.
Ако останеше на сила стариот договор играчите не можеа да влезат со нов договор во следните две години, но сега е отворен патот до нова соработка на овие две мега-ѕвезди со своите клубови.
Вестбрук треба да потпише петгодишен договор со максимална вредност до 219 милиони долари, а Харден ќе добие договор на четири години со максимална вредност од 171 милион долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.